„Си-Ен-Ен“: Меланија Трамп ја напушта Белата Куќа со најмала популарност

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Првата дама на САД, Меланија Трамп ќе ја напушти Белата куќа со најмала популарност од почетокот на нејзиниот мандат, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на свое истражување.

Од февруари во 2016 година, кога почна следењето на нејзиниот рејтинг во јавноста, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, има најмала популарност, па 42 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат позитивен став за неа, 12 проценти не се сигурни, а дури 47 проценти имаат негативен став.

Таа имаше најголем рејтинг во мај во 2018 година – 57 проценти, што се совпадна со првата официјална вечера и нејзиното присуство на погребот на поранешната прва дама Барбара Буш во Тексас.

Сепак, според „Си-Ен-Ен“, нејзината популарност паднала во декември, по посетата на Африка, кога 36 отсто испитаници имале негативен став кон неа.

Најновото истражување покажа дека нејзината популарност е далеку помала од популарноста на нејзините претходнички – во јануари во 2017 година, Мишел Обама имаше 69 проценти, Лора Буш имаше 67 проценти, а Хилари Клинтон 56 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот