Шведска ја одби „Модерна“ и реши со „Фајзер“ да ги вакцинира децата постари од 12 години

Вакцинација против ковид-19 кај тинејџер
Вакцинација против ковид-19 кај тинејџер / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Шведската Агенција за јавно здравје соопшти дека ја препорачува за аплицирање вакцината „Комирнати” на „Фајзер/Бионтек“ кај деца на возраст од 12 до 15 години и воедно информира дека нема да ја користи конкурентната вакцина „Спајквакс“ на Модерна.

Европската агенција за лекови ја одобри употребата на Комирнати во мај, додека Спиквакс доби одобрение за употреба кај деца над 12 години во јули.

– Општо земено, имаме причина да ја избереме вакцината за која најмногу знаеме и која е најдокажана кога станува збор за деца на возраст од 12 до 15 години, нагласи државниот епидемиолог Андерс Тегнел.

Шведските здравствени власти велат дека има повеќе докази за употреба на Комирнати кај деца. „Затоа, Спајквакс не се препорачува за најраната возрасна група во Шведска“, велат од агенцијата. Во септември, агенцијата објави дека вакцинацијата на деца на возраст од 12 години и повеќе ќе започне на 11 октомври.

Извор: МИА

Истражување во Италија: Вакцините против ковид-19 кај луѓе со ослабен имунитет се понеефикасни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот