Швајцарија преплавена со респиратори набавени поради пандемијата (ВИДЕО)

epa08450150 Medical ventilators are assembled inside a tent filled with pure filtered air at a plant of the state owned company BM Heros in Budapest, Hungary, 28 May 2020. The devices can be used in the therapy of patients infected with the novel coronavirus COVID-19 disease. EPA-EFE/Marton Monus HUNGARY OUT

Министерството за одбрана објави дека од 900 респиратори испорачани до 24 јуни, 261 се складирани во воената медицинска служба, а 639 разделени во кантоните.

Швајцарските власти размислуваат што да прават со вишокот респиратори кои ги купуваа во големи количества кога изби пандемијата од коронавирус.

Се натрупале и залихи од хигиенски маски и ги има над 200 милиони, а некои порачки допрва треба да стигнат, соопшти министерството за одбрана и така го потврди пишувањето на дневниот весник Сонтагс Цајтунг.

Весникот се повикува на записници од владината комисија која вели дека кантоналните власти на федерацијата и ги враќаат респираторите, а овие нема каде да ги складираат ниту пак одржуваат.

Тоа значи дека кантоните може да ги задржат, да ги продадат на други држави или да ги донираат, можеби на земјите во развој.

Пристигнуваат уште 300 респиратори

Бидејќи процентот на заболени и починати од ковид -19 растеше претходно оваа година, државите почнаа масовно да купуваат респиратори за да им помогнат на тешко болните. Секој респиратор чини десетина илјади долари.

Министерството за одбрана објави дека од 900 респиратори испорачани до 24 јуни, 261 се складирани во воената медицинска служба, а 639 разделени во кантоните.

Уште 300 респиратори треба да стигнат до средината на август.

Владата ја задолжи воено медицинската служба за купување на опремата кога се ширеше пандемијата. Побара парламентот да одобри над 2,6 милијарди швајцарски франци за таа намена, а потрошени се приближно петина од таа сума.

Купувањето на заштитна опрема, медицински материјали и тестови се уште трае, се наведува, а извештајот за вкупната цена ќе биде даден кога сето тоа ќе заврши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот