Што секој маж треба да направи во 50-тите години

За многу мажи, овие 10 години се преоден период, ако не преземат чекори да останат здрави, овој период може да биде критичен за нив.

Проверете го видот

Доколку досега не сте го прегледале видот, сега е време за почеток. Глаукомот погодува се повеќе луѓе и е водечка причина за слепило. Доколку се забележи рано, може успешно да се лекува, но постојат малку симптоми во почетните фази, а клучно е да се измери и очниот притисок.

Зголемена простата

Многу мажи на 50-годишна возраст почнуваат да имаат знаци на зголемена простата, што често значи зачестено мокрење. Потребно е да се посети лекар, за да ја прегледа простатата и да ја отстрани можноста за рак на простата.

Рак на дебелото црево

Скринингот за рак на дебело црево почнува на возраст од 50 години. Одредени ризични фактори, вклучувајќи ја и семејната историја на ракот на дебелото црево, можат да назначат дека прегледот е потребен и пред педесеттата година од животот. Повеќето карциноми на дебелото црево настануваат од израстоци таканаречени полипи во дебелото црево или ректумот.

Не ги игнорирајте знаците на предупредување

Во многу случаи, она што изгледа како лошо варење е, всушност, почеток на срцев удар. Во педесеттите години многу е поголема веројатноста дека ќе имате симптоми на срцеви болести. Тоа може да вклучува притисок или стегање во градниот кош кој трае подолго од неколку минути или оди и се враќа, краток здив, мачнина и непријатност во подрачјата како што се грбот, рацете, вратот, вилицата или желудникот. Важно е редовно да одите на тестови на крвта за проверка на нивото на холестерол и триглицериди.

Рибино масло

Истражувањата покажале дека омега-3 масните киселини (се наоѓаат во рибите како што се лосос, туна, пастрмка, скуша), имаат многу здравствени предности, од намалување на крвниот притисок за помагање на функциите на мозокот и спречување на макуларната дегенерација, водечка причина за слепило.
Нутриционистите препорачуваат дека мора да јадете риба барем двапати неделно за да ги искористите бенефициите.

Вежбајте со тегови

Аеробното телесно вежбање, како што се пливањето и одењето, остануваат клучни за одржување на тежината и севкупното здравје. Но, редовниот тренинг на сила исто така станува важен бидејќи мускулната маса почнува да опаѓа и зглобовите остануваат чувствителни. Вежбите со тегови можат да помогнат да се зајакнат мускулите и да се заштитат зглобовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот