Што секој маж треба да направи во 30-тите години од животот

Фото: Профимедиа

Со „лудите“ дваесетти години зад него, тој веќе не може да трча толку брзо, да се чувствува силно и да закрепнува толку брзо како што навикнал. Веќе во триесеттите, нашето тело почнува физички да старее и гледаме пад на максималниот број на отчукувања на срцето и мускулната маса. Добра вест е дека редовното вежбање и здравата исхрана можат значајно да го забават процесот на стареење, а колку порано ќе почнете, толку подобро. Еве што треба да направите за да останете во форма:

Метаболизмот забавува

Поточно, внесувате 12 калории помалку дневно секоја година по 30-тата од животот. Исто така, ќе забележите и дека ослободувањето од вишокот килограми станува потешко, ист број часови поминати во вежбална ќе дадат далеку помалку резултати и за првпат ќе мора да внимавате што јадете во текот на годината, бидејќи повеќе нема да да може да се доведете во топ форма пред да одите на летен одмор за помалку од две недели.

Освен ако не го промените распоредот, можете исто така да очекувате и дека ќе изгубите околу три килограми мускули во текот на следната деценија. Од сега па натаму, тренинзите се практично посветени на одржување на една иста состојба.

Одете редовно на прегледи

Дури и само неколку прегледи во триесеттите години од животот можат да бидат почеток на одржувањето на здравјето во наредниот половина век. Воспоставете добар однос со лекарот сега и дознајте ги клучните работи (информирајте се за болестите на срцето и дијабетесот), кои ќе му помогнат на лекарот да открие какви било промени во годините што доаѓаат.

Дознајте ја семејната историја на болести

Болестите на срцето веројатно е нешто за што нема да размислувате сега, но ако вашиот татко, мајка, тетка или вујко имале срцев удар на помлада возраст (пред 60 години за мажите и 70 години за жените), вие исто така можете да бидете во опасност. Кардиоваскуларните болести (вклучувајќи ги болестите на срцето и мозочниот удар) се виновни за половина од сите смртни случаи кај мажите, така што никогаш не е прерано да ги дознаете ризичните фактори.

Многубројни студии покажале дека дури и тинејџерите можат да имаат атеросклероза. Исто така, проверете дали постои во вашето семејство заболени од дијабетес, висок холестерол или рак на дебелото црево. Ако овие болести постојат во семејството, почнете со редовни прегледи и пред 40-тата година.

Нека вежбањето стане навика

Активноста е клучна за здравјето на срцето и за одржувањето на здравата тежина. Колку порано почнете, толку порано ќе имате здравствени придобивки од активниот и исполнет живот.

Дали е сѐ во ред под појасот?

Помладите луѓе имаат поголем ризик за рак на тестиси, затоа важно е барем еднаш месечно да направите самопреглед на тестисите. Ракот на тестиси во 95 отсто случаи е излечлив, кога ќе се открие рано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот