Што се случува со телото ако секој ден јадете ореви?

Фото: Pickpik

Редовното консумирање ореви не е штетно, освен ако немате алергија, пречувствителност на храна или нетолеранција. Ако тоа не е случај, додавањето ореви во вашата секојдневна исхрана може да биде исклучително корисно, особено ако ги користите како замена за помалку хранлива храна.

Колку ореви треба да јадете дневно?

Секојдневното консумирање грст ореви може да ви обезбеди многу придобивки што ги нуди ова јаткасто овошје.

Можете исто така да ги натопите преку ноќ заедно со други јаткасти плодови, како што се бадемите, и да го започнете денот со овие здрави јаткасти плодови.

Здравствени придобивки поврзани со редовното консумирање ореви:

Го поддржува здравјето на срцето

Оревите ги исполнуваат критериумите за „здрава храна за срце“. Имаат малку натриум, заситени масти и трансмасти и содржат најмалку 10 отсто од препорачаната дневна вредност на витамини А и Ц, железо, калциум, протеини или диетални влакна.

Го подобруваат памтењето и когнитивното здравје

Истражувањата на животни и на луѓе покажаа дека јадењето ореви позитивно влијае на меморијата и функцијата на мозокот.

Редовното јадење ореви може да го намали воспалението и да ги неутрализира слободните радикали, кои инаку можат да ги оштетат клетките и на крајот да доведат до болести како што се Алцхајмерова болест и деменција.

Го намалува стресот

Студија од 2022 година покажа дека консумирањето приближно две порции ореви дневно во текот на 16 недели го подобрува нивото на стрес и депресија. Исто така, утврдено е дека консумирањето ореви ја подобрува должината на сонот и целокупното ментално здравје.

Може да го подобри здравјето на цревата

Прегледот од 2023 година објавен во списанието „Антиоксиданс“ (Antioxidants) укажува на тоа дека оревите делуваат како пребиотик кој може да го подобри здравјето на цревата.

Тие го прават тоа со обезбедување „храна“ на корисните микроби во вашиот гастроинтестинален систем.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот