Што се случува со Германија: Индустриското производство повторно падна!

Индустриското производство во јуни повторно опадна во Германија, и тоа втор пат за три месеци, што сигнализира слабоста на најголемата европска економија.

Министерството за економија соопшти дека во текот на јуни производството забележало пад за 1,5 отсто во однос на мај.

Претходно падот беше од 2,0 проценти во април, а скромен раст од 0,1 посто забележа во мај.

Економистите за јуни прогнозираа поскромен пад од 0,6 проценти.

Податоците за економски раст во вториот квартал треба да бидат објавени на 14. август.

Се верува дека германската економија остварила послаби резултати во периодот март-јуни, затоа што минатата зима забележа раст.

Официјалните податоци објавени вчера покажуваат дека фабричките нарачки во јуни неочекувано сериозно се зголемиле за 2,5 отсто, благодарејќи на масовните нарачки на стоки надвор од еврозоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот