Што ќе се случи со продолженијата на „Dragon House“, „Stranger Things“ и „Avatar“: Сѐ за последиците од големиот штрајк на Холивуд

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американскиот синдикат на актери САГ-АФТРА (SAG-AFTRA) конечно започна штрајк по неуспешните преговори со претставници на филмските и телевизиски студија.

Тие, со ова се приклучија на синдикатот на сценаристи ВАГ, кој ја прекина работата на 2 мај по долги и неуспешни преговори со студијата, а последен пат овие две здруженија штрајкуваа во исто време во 1960 година, пишува српски „Јуроњуз“.

Ќе биде тешко лето за Холивуд, бидејќи сите продукции сега ќе бидат суспендирани. Досега некои од нив можеа да продолжат да работат, ако веќе имаа готови сценарија, но сега филмските клапи дефинитивно ќе стивнат.

Одлуката за штрајк особено ќе влијае на телевизиските мрежи и стриминг платформите кои се потпираат на редовно објавување на нови епизоди од серии, кои следната година ќе бидат под знак прашалник. Сега нема надеж дека секоја започната продукција ќе биде завршена додека не се постигнат договори со двата синдикати.

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Фестивалите и премиерите се пред голем предизвик
Лидерите на големите компании како „Нетфликс“, „Дизни“, „Парамоунт“, „Комкаст“, „Ворнер Брос“, „Фокс“ и многу други ќе треба да одговорат на непријатните прашања за предвидените загуби за втората половина од годината, кои се веќе извесни поради неизвесните економски услови на глобално ниво и повеќегодишно неконтролирано трошење.

Посебна штета ќе претрпат големите филмски настани

Претстојниот „Комик Кон“ во Сан Диего веќе е погоден, бидејќи актерите кои штрајкуваат ги прекинуваат обврските за промовирање на нивните проекти. Во неизвесност се и есенските филмски фестивали, како што е филмскиот фестивал во Торонто.

Наградите Еми се посебна приказна, бидејќи номинациите беа објавени само неколку часа пред објавувањето на штрајкот.
Проблеми ќе имаат и настаните поврзани со промоцијата на летните високобуџетни блокбастери како „Barbie“, „Oppenheimer“ и „Mission Impossible“, кои веќе нема да ги имаат големите ѕвезди на црвениот тепих. Екипата на филмот „Oppenheimer“, која го претставуваше филмот во Лондон токму во моментот на повикот за штрајк, само се поздрави со публиката, а потоа го напушти настанот.

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Сепак, се снима продолжението на „Dragon House“

И покрај штрајкот, во Велика Британија продолжува снимањето на втората сезона на „Dragon House“, бидејќи во таа земја важат различни синдикални правила.

Продукцијата најверојатно ќе се одвива според планираното, бидејќи поголемиот дел од екипата го сочинуваат британски актери, па затоа што работат под договори со британскиот синдикат „Еквити“ (Equity), дури и оние кои се членови на SAG-AFTRA, мора да се појават на работа.

„Еквити“ во четвртокот објави дека „ќе застанат во непоколеблива солидарност“ со своите холивудски колеги, но законски не можат да се приклучат на штрајкот, ниту да повикуваат на прекини на работата.

„Изведувачот кој ќе се приклучи на штрајкот во Велика Британија, нема да има заштита од отпуштање или тужење за прекршување на договорот со продуцентите“, се вели во соопштението објавено од „Еквити“.

Од истите причини продолжува и снимањето на серијата „Industry“.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кога станува збор за втората голема серија „The Lord of the Rings: The Rings of Power“, чие продолжение обожавателите го чекаат со нетрпение, снимањето на втората сезона, за среќа беше завршено пред да започне штрајкот.

Неизвесно е што ќе биде со продукцијата на најавените големи блокбастери, како „Avatar“ 2 и 4, „Mufasa: The Lion King“, „Wonder Woman 3“ и продолжението на „Gladiator“.

Постојат шанси да останеме и без нова сезона на „The Simpsons”, како и „Young Sheldon”. Откажано е и снимањето на новите сезони на „Stranger Things“ и „The Handmaid’s Tale“.
Услугите за стриминг можат да продолжат со продукции во други земји во светот, но сите поврзани со Холивуд се практично на пауза.

Кога станува збор за телевизиските мрежи, тие за претстојната есен најавија голем број реални шоуа, кои не се засегнати од штрајкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот