Што ќе прави „човекот без лице“ од Стејт департментот во Србија?

Стејт Департмент САД/ Фото Архива на Слободен Печат

Во Србија во следите денови треба да пристигне официјалниот претставник на Стејт департментот, Томас Зaрзецки, кој не е звучно име на американската политичка сцена, а уште помалку ѝ е познат на јавноста на Балканот, пренесува српски „Блиц“.

Меѓутоа, интересно е да се напомене дека станува збор за личност чија фотографија тешко се наоѓа во јавноста, а уште поинтереснa е неговата работа. Зарзецки е на чело на Работната група 231 на Стејт департментот, која е задолжена за санкционирање на фирми и држави кои имаат воена соработка со Руската Федерација.

Според „Блиц“, тука е потенцијалниот проблем со кој Србија би можела да се соочи, и тоа токму поради набавката на руско вооружување. Зарзецки всушност e човекот кој се „грижи“ за тоа американскиот закон од 2017 година (воведен поради наводното руско мешање во изборите во САД и настаните во Украина), а кој се однесува на оваа област, да се почитува и спроведува.

Имено, станува збор за федерален закон наречен Закон за спротиставуање на американските противници по пат на сакнции, кој најмногу се однесува на наменската и одбранбената индустрија. Меѓутоа, тој предвидува сакнции и за активностите кои се однесуваат на сајбер-безбедноста, проекти поврзани со сирова нафта, финансиски институции, корупција, кршење на човековите права, трансакции со руски одбранбени или разузнавачки сектори, извозни нафтоводи, приватизација на државни имоти, трансфер на оружје во Сирија…

Овој документ предвидува можност за казнување на било кој поединец, фирма или компанија која соработува со оние кои, по овој закон, се наоѓаат на американската „црна листа“.

Со кого Зарзецки ќе се сретне, сѐ уште е непознато, но најверојатно е дека тоа ќе бидат највисоките државни функционери и претставници на Министерството за одбрана. За што ќе разговараат, исто така засега не е познато, но може да се насети што тој ќе прави во соседна Србија.

Темите на разговорите можат да се навестат и по изјавите на претставникот на американскиот државен секретар за западен Балкан, Метју Палмер, кој пред неколку дена при посетата на Србија изрази загриженост поради присуството на руската воена опрема на територијата на северниот сосед. Тој тогаш рече дека доколку Белград продолжи да реализира ангажмани со Руската Федерација, тоа би водело кон ризик да ѝ бидат воведени посебни санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот