Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/ИМДБ

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

Station Eleven – Серија на „HBO“

Дваесет години откако разорната пандемија на грип ја уништува целата цивилизација, група преживеани патувачки артисти се обидуваат да го обноват светот и одново да сонуваат. Но, одеднаш наидуваат на култ предводен од човек чие минато е поврано со еден член на трупата.

Жанр: драма  / IMDB оценка: 7.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%

Seberg – Филм на „Netflix“

Во доцните 1960-ти познатата актерка Жан Себерг го поддржува граѓанското движење против расната дискриминација во Америка и се впушта во романтична врска со Хаким Џамал. Меѓутоа, работите се менуваат кога таа одеднаш станува мета на ФБИ.

Жанр: драма  / IMDB оценка: 5.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 36%

The Fallout – Филм на „HBO“

Средношколка се обидува да продолжи со животот по емоционалните последици од трагедија која се случува во нејзиното средно училиште. Почнува да ги преиспитува односите со нејзиното семејство,  пријатели и поглед на светот. Оддалечувајќи се од својата рутина, таа стекнува нова пријателка и почнува да ризикува со низа одлуки кои ги тестираат нејзините сопствени граници.

Жанр: драма  / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 94%

Bad Vegan: Fame. Fraud. Fugitives. – Серија на „Netflix“

Откако се мажи за мистериозен шармер кој ја убедува дека има магични моќи, прославената веганка и сопственичка на ресторан ја губи контролата над сопствениот живот, бизнис и финансии… Двајцата патуваат низ Европа додека нивните вработени не добиваат плата. Бегаат во Лас Вегас, каде нивното минато конечно ќе ги стигне…

Жанр: документарна серија  / IMDB оценка: 5.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот