Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Holiday in the Vineyards“ – филм на Нетфликс

Овој романтичен филм ја следи приказната за една вдовица, која се бори да го задржи локалното лозје и да одгледува две млади момчиња. Но, можеби ѝ претстои божиќно чудо кога ќе се затреска во голем градски плејбој, кој е испратен да добие информации за потенцијалното лозје за продажба.

Жанр: романса / „IMDB“ оценка: 6.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„Yellowjackets“ – серија на Нетфликс

Фудбалерики, кои патуваат за Сиетл, се соочуваат со трагедија кога нивниот авион се урнува во дивината во Онтарио. Додека се борат да ги преживеат суровите услови, тие почнуваат да го губат разумот.

Жанр: хорор / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 97%

„We Need A Little Christmas“ – филм на Ејџ-би-о

На жена која се соочува со својот прв Божиќ како мајка вдовица, почнува да ѝ се допаѓа нејзината нова сосетка, постара жена чиј внук служи војска.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 6.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„Znam kako dišeš“ – серија на Ејџ-би-о

Обвинителката и самохрана мајка Невена се мачи да балансира со работата и семејството кога нејзиниот најнов случај се случува близу до дома.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот