Шпиц на туристичката сезона, на ГП „Табановце“ и ГП „Богородица“ и вечерва се чека повеќе од 45 мин.

гужва на граница

И во вечерните часови не попушта гужвата на граничните премини. Авто-мото Сојузот на Македонија информира дека на ГП „Табановце“ и ГП „Богородица“ за влез во државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања, но зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот