Шпанската федерација го објави разговорот помеѓу судиите за спорниот момент во „Ел Класико“

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Шпанската фудбалска федерација денеска ја објави аудио снимката од разговорот помеѓу судијата Сото Градо и судиите во ВАР собата за непризнатиот гол на Ламин Јамал.

Претседателот на Барселона, Лапорта претходно денес најави дека клубот ќе побара докази дека немало погодок, а ако лигата нема цврсти докази тогаш ќе побара и преигрување на натпреварот.

На објавената аудио снимка прво се слуша помошникот судија кој зборува:

„Според мене не ја помина линијата, тоа е корнер“.

На тоа стигнува одговор од ВАР:

„Цезар, ајде да провериме, почекај малку, не дозволувај да изведат“.

Во тие моменти Гундоган доаѓа до судијата и бара објаснување, додека судијата му одговара.

„Немаме гол технологија, ќе почекаме ВАР да провери. Можеби е гол“.

„Телото на Лунин покрива. Оваа снимка не ни врши работа, ниту оваа, ни оваа, ниту на оваа не користи. Да одиме со корнер“, зборуваат од ВАР собата.

„Не се брзаме, ова е многу важна одлука. Најдобро е да почекаме“, додава судијата Цезар Сото Градо.

„Цезар, немаме никаква евиденција дека топката со цел обем е влезена, ќе го продолжиме мечот со корнер“, гласи конечната одлука од ВАР и разговорите подоцна продолжуваат во друг правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот