Шпанија со закон ќе одлучува за старателството на домашните миленици по разводот на сопствениците

Домашни миленици во парк кучиња лабрадори ретривери
Домашни миленици во парк / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Шпанија размислува околу донесување на нов закон со кој ќе се разгледува благосостојбата на домашните миленици при развод кај брачните другари, за да може да се одлучи кој ќе го презеде старателството.

Ваквата одлука следува откако слични вакви закони донесоа Франција и Португалија. Во овие земји домашните миленици нема повеќе да се разгледуваат како предмети и по разводот, паровите нема да можат сами да одлучат околу наследството, туку тоа ќе биде предвидено со закон, пишува Ројтерс.

„Домашните миленици се дел од семејството и кога едно семејство ќе се раздели, судбината на животното мора да биде подеднакво битна како и судбината на останатите членови на семејството“ вели адвокатката Лола Гарсиа.

Во октомври, судот во Мадрид им даде заедничко старателство на еден разведен пар, кој со месеци се двоумел за судбината на нивното куче. Сега кучето поминува по еден месец со едниот, па еден месец со другиот партнер.

Бројот на луѓе кои имаат домашни миленици е доста висок, а левичарската влада предводена од премиерот Педро Санчез стреми кон нови посериозни закони околу правата не само на домашните миленици, туку и општо на сите животни. Така на пример, дивите животни се забранети во циркузите, а забрането е и продавање на животни во „пет шопови“.

Но, во земја која е позната по борбите со бикови, многу од луѓето се скептични околу ваквите закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот