Шпанија против Литванија, познати четири осминафинални двојки на Евробаскет 2022

Шпанија се промовираше во осминафиналист на ЕП 2022/фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Во клучен натпревар за влез во осминафиналната фаза на Европското првенство, репрезентацијата на Црна Гора во Тбилиси во рамките од групата „А“ го совлада домаќинот Грузија со 73:81.

Најзаслужен за триумфот на Црногорците беше Дробњак со 22 поени, следен од Пери кој реализираше 17 (девет асистенции). На спротивната страна за грузискиот состав недоволна беше одличната партија на МекФаден со 16 поени.

Во Келн германската селекција го запиша и четвртиот триумф во групата „Б“ откако ја оправда фаворитската улога против Унгарија. Зенгфелдер беше прв стрелец во победничките редови со 22 поени, а на спротивната страна Перл запиша 15 коша.

В четврток ќе завршат официјално натпреварите од групната фаза, по што ќе ги дознаеме сите осминафинални двојки. Веќе дознавме четири парови, на 10 септември Германија ќе се соочи со Црна Гора, потоа Словенија ќе игра со Белгија, турската селекција за ривал ја има Франција, а се очекува доста интересно да биде и на пресметката Шпанија – Литванија.

Сите мечеви од осминафиналето до самиот крај на шампионатот ќе се играат во Берлин, Германија.

ЕП 2022
Осминафинале, двојки

10 септември
Германија – Црна Гора
Словенија – Белгија
Турција – Франција
Шпанија – Литванија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот