Шпанија ги затвори ноќните клубови, ја ограничи работата на кафулињата и забрани пушење

epa08414584 Guests take a selfie picture as they clink glasses at the terrace of a bar in Pamplona, Navarra, northern Spain, 11 May 2020. Navarra is one of the Spanish regions on phase one of the Spanish de-escalation plan amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic. During the first phase, shops and bars' terraces are allowed to open. EPA-EFE/JESUS DIGES

Рестораните и кафулињата ќе бидат отворени до 1 часот ноќе, но од полноќ нема да смеат да примаат нови гости.

Шпанија ги затвори дискотеките и ноќните клубови, го ограничи работното време на рестораните и кафулињата и забрани пушење на улиците откако значително порасна бројот на заболени од коронавирус.

Во четвртокот, во еден ден беа инфицирани речиси 3.000 жители, најмногу од крајот на април, па владата ден подоцна свика вонреден состанок со претставниците на 17 автономни покраини за заедно да го спречат ширењето на вирусот.

Едногласно одлучија да ги затворат ноќните клубови во цела Шпанија, и покрај туристичката сезона, напоменувајќи дека таквите места се главен генератор на избивањето на вирусот.

Забрането е пушење на улиците, терасите и сите отворени простории каде не може цело време да се гарантира оддалеченост од два метри меѓу лицата.

Такви мерки веќе беа воведени во покраината Галиција и Канарските острови.

Пушењето во затворени простории е забрането во Шпанија и пред да избие коронавирусот.

Средби со максимално 10 лица

Рестораните и кафулињата ќе бидат отворени до 1 часот ноќе, но од полноќ нема да смеат да примаат нови гости. Внатре ќе мора да има оддалеченост од максимално 1,5 метри меѓу посетителите на шанк, како и меѓу масите.

„Сметаме дека воведените мерки се правилни. Побарав од сите регионални влади да ги употребат сите начини за да се почитуваат“, изјави шпанскиот министер за здравство Салвадор Илја на конференцијата за медиуми.

„Нема да толерираме дивјачко однесување на оние кои го ставаат во опасност се она што досега по постигнавме“, додаде тој. Ја поздрави и дисциплината на постарите жители и ги повика младите на одговорно однесување.

Министерот им советува на граѓаните да ги избегнуваат сите непотребни средби и дружења.

Во Шпанија се дозволени средби на максимално десет лица и носењето маски е задолжително.

Откако на 21 јуни владата ја укина вонредната состојба секоја од 17-те автономни покраини е одговорна за воведување на сопствените мерки во сузбивањето на ширењето на вирусот.

Од средината на јуни, откако 47 милиони граѓани излегоа од своите станови, по 100 дена ограничено движење, повторно изби вирусот во сите делови на Шпанија. Моментално во земјата има повеќе од 800 жаришта.

„Бројот на новозаболени расте, но поблаго ако ја споредиме ситуацијата со онаа во март“, изјави шефот на лекарската служба Фернандо Симон.

Од почетокот на пандемијата се инфицираа 227.334 жители од кои починаа 28.605 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот