Шпанецот нема дилеми: Новак е подготвен да стане најдобар во историјата

Новак има можност да стане првиот тенисер по Род Лејвер кој го освои календарскиот слем/ фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Поранешниот шпански тенисер, Алекс Кореча, кој сега работи како ТВ аналитичар, смета дека Новак Ѓоковиќ покажа дека е подготвен да стане најдобар тенисер на сите времиња.

Ѓоковиќ оваа година победи на три грен слем турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, и за два месеци доколку победи и на УС Опен ќе стане првиот тенисер по Род Лејвер кој го освоил календарскиот грен слем.
– Кога го победи Надал на Ролан Гарос во најдобриот меч на годината, Новак покажа дека е подготвен да стане најдобриот тенисер во историјата – вели Кореча.

Поранешниот тенисер истакна колку е тешко достигнување тоа што големата тројка, Федерер, Надал и Ѓоковиќ, освои по 20 грен слем титули.
– Мислевме дека ќе биде невозможно да се престигне Пит Сампрас со неговите 14 грен слем титули. Гледавме тениски великани како Борг, Мекинро, Едберг, но никој не ниту блиску до овие тројца тенисери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот