Шолц и Зеленски разговарале за зголемување на санкциите против Русија

Средба Шолц - Зеленски/ Фото EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIALPRESS SERVICE

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека со германскиот канцелар Олаф Шолц разговарал за одбранбената помош, енергетската соработка и „зголемувањето на притисокот на санкциите“ врз Русија.

Зеленски на Твитер напиша: „Го ценам нивото на дијалог со Германија и нејзината поддршка за нашата борба“.

Украинскиот претседател претходно беше критичен за зависноста на Германија од руската енергија.

Германскиот министер за финансии рече дека неговата земја се движи „што е можно побрзо“ за да се одвикне од руската енергија, но „мора да бидеме трпеливи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот