ШОК НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ: Кинези понудиле 36 милијарди долари за Лондонската берза!

Операторот на берзата во Хонг Конг, „Hong Kong Exchanges and Clearing“ (HKEX), денес достави понуда до Лондонската берза (LSE) за „спојување на двете компании“, a според договорот се проценува дека „LSE“ ќе чини 29,6 милијарди фунти (36,6 милијарди долари).

– Управниот одбор на „HKEX“ смета дека двете компании се многу комплементарни, поради што со нетрпение очекуваат да работат со релевантните власти за да го отворат патот за завршување на трансакцијата – се вели во соопштението од операторот на берзата во Хонг Конг.

Соединувањето би ја зајакнало деловноста на обете компании, подобро ќе се позиционираат на пазарите и другите географски области и ќе им понуди на учесниците на пазарот и на инвеститорите неверојатна поврзаност на глобалниот пазар, се додава во соопштението.

Од „HKEX“, исто така велат дека тие ќе ја финансираат трансакцијата преку комбинација на расположливи пари и преку нови кредитни средства, јавува „CNBC“.

Веднаш по најновите вести, акциите на „LSE“ скокнаа за дури 8,5 проценти за да изгубат дел од нивните првичните придобивки малку подоцна.

„HKEX“ веќе е сопственик и оператор на Лондонската берза за метали, која ја купи во 2012 година за 1,4 милијарди фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот