Шкупи ја потврди разделбата со осум фудбалери

фото: instagram.com/fcshkupi1927

На крајот од регуларниот дел, 2022/23, на голем број фудбалери на Шкупи им беа раскинати договорите.

Стручниот штаб и раководството по анализите и разговорите кои се водеа со фудбалерите дојдоа до заклучок дека треба да се разделат.

Претходно тимот го напуштија голманот Кристијан Наумовски и Фреди Алварез, додека по завршувањето на сезоната како слободни фудбалери си заминаа и Владица Брдаровски, Џелил Абдула, Мелос Бајрами, Бесник Ферати и Пепи Георгиев.

Во меѓувреме, спогодбено е раскинат договорот со голманот Стефан Јакимовски.

Денеска тимот го започнува собирот, а започна и фазата на разговори со фудбалерите кои ќе бидат новите пристигнувања за новата сезона, која ќе ја започнат со квалификациските натпревари во Конференциската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот