Шкотланѓанец како тинејџер силувал 13-годишно девојче, но нема да добие казна бидејќи бил „премногу млад“

Шкотска полиција / Фото EPA PHOTO ANP/TOUSSAINT KLUITERS

Момче од Шкотска кое силувало 13-годишно девојче во парк кога имало 17 години избегна затворска казна – затоа што е премлад. Шон Хог (21) повеќепати ја нападнал девојката во Кантри паркот Далкит помеѓу март и јуни 2018 година.

Судските документи велат дека Хог, од Хамилтон, и се заканувал на девојката, а потоа ја силувал. Судијата Лорд Лејк рече дека доколку Хог го извршил прекршокот на 25-годишна возраст, ќе бил затворен на четири или пет години. Наместо тоа, му било наредено да работи 270 часа неплатена работа.

Во јануари 2022 година беа воведени нови упатства за казнување за помлади од 25 години, кои првенствено се фокусираат на рехабилитација наместо на казнување и препорачуваат „индивидуален пристап“ земајќи ги предвид животните искуства на сторителот.

Судијата рече дека силувањето е „едно од најтешките злосторства“ и дека во овој случај возраста и ранливоста на жртвата се „отежнувачки фактори“, пишува Би-Би-Си.

„Морам да ја земам предвид вашата одговорност и вашата возраст. За ова кривично дело, доколку е извршено од лице на возраст над 25 години, казната е четири до пет години затвор. Мислам дека тоа не е соодветно и не имам намера да те пратам во затвор“, рече судијата.

„Ова е ваш прв тежок престап и досега не сте биле осудени на затворска казна. Имате 21 година, а во тоа време имавте 17 години. Не верувам дека останувањето во затвор ќе придонесе за вашата рехабилитација“, додаде тој.

Покрај 270 часа општествено корисна работа, на Хог му беше наредено да подлежи на надзор и ќе биде ставен во регистарот на сексуални престапници три години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот