Шкендија и Македонија ЃП бркаат трето коло во Лигата на конференции

Фудбалерите на Македонија ЃП подготвени за реваншот со ЦСКА Софија/Фото: facebook.com/fc.macedoniagp

Шкендија по триумфот од 1:2 во првиот натпревар во Летонија против Валмиера, денеска од 20.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе атакува на нов поволен резултат.

Доколку тетовските „црвено-црни“ ја одбранат предноста, во третото квалификациско коло во Лигата на конференции ќе играат против шведскиот АИК кој ја елиминираше украинската Ворскла Полтава.

– Остваривме победа и позитивен резултат на првиот меч, но не треба да „летаме во облаци“. Реваншот ќе го започнеме како да е 0:0. Треба да ја повториме играта од првите 90 минути и се надевам дека на крајот ќе излеземе како победници и се пласираме во третото коло. Знаеме дека Валмиера е добра екипа и создава многу шанси, но свесни сме за предизвикот. Со поддршката од „Балистите“, верувам дека можеме да ја оствариме целта – вели фудбалерот на Шкендија, Бруно Дита.

Македонија Ѓорче Петров исто така брка пласман во третото коло на ЛК, во првиот дуел во Скопје ремизираше без голови 0:0 против ЦСКА Софија.

Бугарскиот претставник е фаворит на возвратната пресметка (19.00 часот по македонско време) во Софија, но играчите на тренерот Муарем Бајрами ветуваат дека ќе го дадат максимумот со цел да ја прескокнат оваа пречка.

Во последен момент е променет главниот судија за овој меч, наместо Англичанецот Дејвид Куте, ќе суди Марсел Бирсан од Романија.

Бајрами: ЦСКА Софија не е во најдобра форма, но е силен и е фаворит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот