Шилегов со навреди му одговори на Џамбаски за навредите кон Ковачевски

Петре Шилегов
Петре Шилегов / Фото: МИА

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вечерва реагираше на навредите и провокациите од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, упатени кон македонскиот народ и премиерот Димитар Ковачевски.

Шилегов напиша дека луѓе го прашувале зошто досега на реагирал на изјавите на Џамбаски.

-Имало некој си бугарски европратеник Џамбаски (велат бил он нивното ВМРО, ко демек се различни …) Ме прашуваат, зошто не сум реагирал на неговите изјави ? Им велам, никогаш, ама баш никогаш во мојот живот (за било кое прашање), не се обидувам на глупавиот да му докажам дека е глуп. Џабе ќе се трудам…, пишува Шилегов на Фејсбук.

На недоличното обраќање на Џамбаски, со навреди и закани кон Ковачевски, денеска официјално, со вербална нота, реагираше и македонското Министерство за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот