Шилегов: Не поминаа ни два дена, веднаш се појавија списоци за линчување и копање гробови

Петре Шилегов во гостување во „Само вистина“ / фото: Канал 5/принтскрин

Градоначалникот на Скопје и кандидат на СДСМ за втор мандат, Петре Шилегов, во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5 рече дека е „факт дека во Скопје морате да имате симбиоза помеѓу владата и градот“. Според него, невозможно е владата да оди во еден правец, а градот во друг.

-Скопје кое се гради, два мостови во еден мандат, тунел под старата железничка станица. Доколку победи Арсовска, пораките кои би ги испраќал градот би биле пораки на барок, на неразвивање на градот, затоа што Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов.

-За само два дена имаме повторно објавување на списоци за егзекуција, пораки за линчување и затворање на определени луѓе и отворање на гробови. За само два дена. Така не можеме да имаме интеграција, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот