Шест месеци чекаа и не дочекаа инсулин, ленти и глукомери. Дијабетичарите утре излегуваат на протест

Profimedia
Фото: Профимедиа

Дијабетичарите во Македонија го изгубија трпението, утре излегуваат на протест. Повеќе од половина година шеќерашите не добиваат терапија на време, а глукомери, игли и ленти воопшто нема. Без терапија е оставен и секој нов регистриран пациент, а најголем проблем имаат дечињата со дијабет тип 1, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. Тие денеска преку соопштение потсетија дека утре во 19 часот ќе протестира пред Министерство за здравство. Тврдат дека се потрошило нивното трпение и дека поминале сите рокови Министерството за здравство и Владата да им набави инсулин, и дека се чувствуваат изманипулирани што децата со оваа состојба немаат пумпи, сензори и глукомери.

„После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка. После многу инвестирање во достоинството наше на лицата со дијабетес завршија сите рокови, логички правни, измислени и смислени манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45 лица си дијабетес на Инсулин, велат од здружението.

Нашето Министерство за здравство и Владата ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терпаија. Благодариме, НО НЕ ЈА ДОБИВАМЕ! “, стои во соопштението од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Од Сојузот велат дека протестот пред Министерството за здравство ќе биде предупредувачки мирен протест за безбеден и квалитетен живот на лицата со дијабетес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот