Шест француски војници и четири цивили ранети во напад со автомобил-бомба во Мали

Фото: EPA/STR

Шест француски војници и четворица цивили се повредени во напад со автомобил-бомба во Мали, јавија француски медиуми.

Експлодирал автомобил-бомба во близина на оклопен транспортер на француската антитерористичка операција „Бархан” во Сахел. Едно дете е меѓу ранетите цивили.

Голема база на Бахран е во реонот на Госи од каде се изведуваат операции против џихадисти се до границата со Буркина Фасо.

Претходно овој месец, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека операцијата Бархан ќе заврши и француските сили ќе бидат вклучени во поширока, меѓународна мисија со вклучување на земји од регионот.

Франција ја почна операцијата Бархан во август 2014 година за борба против исламистичките групи во Мали, Буркина Фасо, Мавританија, Нигер и Чад. Во моментов, 5.100 војници се распоредени во Бархан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот