Шерон Стоун без влакна на јазикот ја понижи колешката: Сите паѓаат во несвест кога ќе се спомене Мерил, таа е преценета

Profimedia
фото: профимедиа

Шерон Стоун успеа да стане главна тема на разговор на социјалната мрежа „Твитер“ благодарение на нејзината изјава на сметка на колешката, повеќекратната добитничка на Оскар. Мерил Стрип, која ја нарече „преценета“ во едно интервју.

Ѕвездата на „Основен инстинкт“, која во 1996 година благодарение на филмот „Казино“ заработи номинација за Оскар за најдобра актерка, во интервјуто тврди дека постојат многу актерки што можат да ѝ парираат на 72-годишната Мерил Стрип, но никогаш не добиле јавно признание ниту нејзиното ниво на слава.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/MASSIMO PERCOSSI

Јас сум подобра негативка од Мерил

Јавноста на Твитер и филмските фанови се вклучија во дебатата што следуваше, славејќи ја кариерата на 62-годишниот Стоун, додека еден дел од јавноста одлучи енергично да го брани ликот и делото на Мерил Стрип и покрај изјавата на Стоун дека „сите паѓаат на подот кога ќе се спомене Мерил“.

Јас сум многу подобра филмска негативка од Мерил и тоа со сигурност го тврдам. Мерил никогаш не би била толку добра во „Основен инстинкт“ или во „Казино“. Јас го знам тоа, а и таа е свесна за тоа“, рекла Стоун.

Наградите што Мерил Стрип ги освојуваше низ годините, се косат со смелата изјава на sвездата на „Основен инстинкт“.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Во 1996 година Стоун заработи номинација за Оскар за нејзината улога во култниот филм „Казино“, но златната статуетка никогаш не ја освои. Во однос на неа, Мерил Стрип е вистинска рекордерка на оваа престижна филмска награда.

Првпат доби Оскар за најдобра главна актерка во 1983 година за нејзината улога во „Изборот на Софија“, а во 2012 година за улогата на британската премиерка Маргарет Тачер во биографскиот филм „Железната дама“. За најдобра споредна актерка, Оскар освои во 1979 година благодарение на филмот „Крамер против Крамер“.

Profimedia
Фото: Profimedia

Сите треба да ѝ се „поклонуваме“

Коментарот на Шерон Стоун на сметка на Мерил Стрип нејзината следувал откако водителката Џоана Шелер ги спомнала нејзините мемоари насловени „Убавината на живеењето двапати“ објавени во март, повикувајќи се на изјавата на Стоун за тоа како холивудската индустрија ги принудува жените да се натпреваруваат за да обезбедат одредени филмски улоги.

Шерон имала можност првпат да соработува со Мерил на филмот на режисерот Стивен Содерберг „Пералницата“, а во спомнатото интервју таа истакнала дека многу актерки денес во негативна смисла ги споредуваат со Мерил.

„Деловната страна на Холивуд направи дека сите треба да ѝ завидуваме и да ѝ се восхитуваме на Мерил Стрип бидејќи само таа може да биде толку добра, а сите други мора со неа да се натпреваруваат. Мерил е прекрасна жена и одлична актерка, но според мене има многу еднакво талентирани актерки. Целата оваа иконографија што владее околу неа е дел од она што Холивуд систематски им го прави на жените“, рекла Стоун, а за да го поткрепи своето мислење, навела
неколку актерки што ги смета за еднакви со Мерил.

„Вајола Дејвис е еднакво одлична актерка како Мерил. Ема Томпсон, Џуди Дејвис, Оливија Колман, Кејт Винслет… но сите паѓаат на подот кога ќе се спомене Мерил“, рекла Шерон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот