Шекеринска за европските избори: Во битката со екстремната десница и умерената десница станува поекстремна

Радмила Шекеринска министерка за одбрана - фото: Слободен печат - Драган Митрески

Главниот проблем во биката со таа крајна десница е што многу десничарски, но и некои наши поранешни колеги се тркаат на нивен терен, кој ќе биде поекстремен, понегативен во кампањата и ќе манипулира со ставовите на граѓаните. Тоа е поголем проблем од порастот на екстремната десница, рече потпретседателката на Партијата на европски социјалисти, Радмила Шекеринска на поткастот „Европски стандарди, популизам и избори“ со вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Таа додаде дека на европските избори се очекува екстремно десничките партии да освојат околу 25 отсто од гласовите, иако кај нив се забележува разидување и меѓусебни критики.

„Она што е интересно е дека дел од овие партии претходно се дефинираа како евроскептични, а тоа веќе не е така. Ова е најголемиот успех на ЕУ. Дури и најголемите критичиари не настапуваат веќе со анти-ЕУ реторика. Има фрустрација и само 40 отсто до граѓаните сметаат дека ЕУ реални ни нуди членство. Луѓето не се анти-ЕУ, сакаат да се дел од ЕУ, проблемот е што мислат дека тоа е нереално. Но сега е навистина можеби првата ситуација по подолго време кога европјаните се посериозни, а ние изгубивме здив“ рече Шекеринска.

Таа додаде дека ситуацијата е поинаква во Молдавија и Украина, каде што властите и народот е многу поенергетичен за членството во ЕУ и користење на моментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот