Шекеринска за аудиоснимката од конгресот на СДСМ: Секогаш сум искрена пред колегите од партијата

Радмила Шекеринска
Радмила Шекеринска / Фото: МИА

Во вечерашното интервју за „360 степени“, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја прокоментира аудиоснимката од затворениот дел од конгресот на СДСМ која се појави на социјалните мрежи и рече дека со колегите од партиското семејство е искрена кога согледува дека се појавуваат проблеми.

– Јас сум човек којшто и со своите политички противници сум многу отворена, но најотворена сум со моите политички пријатели и колеги. Мислам дека првото нешто што им го должам на моите колеги, на мојата држава, на нашите институции е да бидеме отворени но не само кога е добро. Оти кога е добро сите се отворени и сите велат браво, туку кога има некои проблеми да зборувам за тие проблеми. Некогаш ќе го прескокнам „бравото“, но проблемот не го прескокнувам. Тоа го правам и денеска и пред сѐ во кругот на партиското семејство. Не сум од оние кои со едни очила гледаат кога се на партиска функција, а со други кога не се и буквално се водам од тоа што гледам на каде одат работите, рече Шекеринска.

По објавените аудио снимки од конгресот на СДСМ, згасна страницата што ги пушти твитовите

На прашањето околу случајот со поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, таа вели дека обвинителстовото сега си ја работи својата работа што не било случај во претходната власт.

– Демократијата не е систем во кој луѓето се безгрешни, а судовите да постојат теоретски. Затоа постојат судови и во најбогатите, најразвиените земји и најдемократските држави. И примерот кој го кажувате е едно од тие чуда. Како можеше ние кога бевме опозиција цели шест месеци да пуштаме ‘бомби’ од кои не еден туку 1001 предмет можеше да се отвори и никој во Јавното обвинителство ништо не почна да работи. А сега ова што го кажувате, покажува дека системот функционира, изјави министерката за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот