Шефот на мексиканскиот нарко картел „Лос Зетас“ почина во затвор од коронавирусот

Шефот на злогласниот мексикански нарко картел „Лос Зетас“, Моис Ескамила Меј, наречен „Дебелиот Меј”, почина во најзаштитениот затвор во Мексико, Халиско, како последица на зараза со Ковид-19.

Ескамила (45) издржуваше казна затвор во траење од 37 години за голем број кривични дела, вклучително и за обезглавувањето на 12 лица на полуостровот Јукатан. Тој беше уапсен во 2008 година, а коронавирусот му беше дијагностициран два дена пред да умре од респираторни проблеми.

Локалните медиуми јавуваат дека во затворот се заразени стотици затвореници.

„Лос Зетас” е еден од најстарите и најголемите картели со центарот на славното одморалиште Канкун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот