Шахтјор е последен учесник во Лигата на шампионите

Украинците се последен тим кој обезбеди пласман во ЛШ/ фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Фудбалерите на украинскиот Шахтјор се последната екипа која обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, а за да дојде до ова мораше да игра продолженија против Монако.

Шахтјор во реваншот кој се играше во Харков одигра 2:2 и благодарение на минималниот триумф во Монако обезбеди пласман во ЛШ иако беше многу блиску до елиминација.

Монако со головите на Бен Једер во 18. и 39. минута имаше предност од 0:2 и резултат кој го носи во ЛШ, но Шахтјор се избори за продолженија во 74. минута кога погоди Марлос.

Во продолженијата, одлучувачкиот момент се случи во 115. минута кога Агилар си постигна трагикомичен автогол, откако одбиената топка од неговата нога заврши во мрежата на Нибел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот