Шахпаска: Градинките нема по секоја цена да останат отворени, но состојбата сè уште е под контрола

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нема по секоја цена да останат отворени градинките, доколку бројот на позитивни случаи од корионавирусот се зголемува во земјава, порача денеска од Штип, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Посочи дека од 9 септември, па до денес состојбата во градинките се следи на дневна основа, а одлуките ги донесуваат заедно со Комисијата за заразни болести и Владата.

-Мојата последна реченица беше не по секоја цена ќе ги чуваме отворени градинките, ако видиме дека бројот на позитивни случаи се зголемува во земјава. Здравствената состојба на 15 дечиња, кои беа позитивни од денот на отварање на градинките 9 септември, а и на 45 вработени заклучно до 15 октомври, говори дека состојбата се уште е под контрола. Дечињата инфекцијата не ја стекнале во градинките, за тоа говорат епидемиолозите, бидејќи во нивните семејства бил присутен вирусот, изјави Шахпаска.

Таа истакна дека здравствената состојба на вработените во градинките, кои се зарзени е добра, а голем дел од нив веќе се излекувани и се вратени на работните места. Прашана за сотојбата во градинката „Росица” во Скопје, Шахпаска одговори дека 44  деца се ставени во изолација, а оваа одлука е донесена од страна на епидемиолошките служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот