СЕВЕРНА КОРЕЈА УПАТИ ОСТРА ПОРАКА: Подготвени сме за дијалог, но и за војна со САД!

Северна Кореја е подготвена за дијалог, но и за конфронтации со САД, изјави севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Џонг-хо.

-Доколку САД се уште сонуваат за тоа дека се ќе постигнат со санкции, мораме или да ги пуштиме да продолжат да сонуваат или да им ги растуриме соништата. Ако се обидат да ни се спротивстават со санкции и не го напуштат таквиот конфронтирачки став, тоа ќе биде нивната погрешна сметка, рече Ри, а пренесе севернокореската агенција КЦНА.

Тој го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео дека „ надвиснува темни сенки” врз разговорите меѓу двете земји, тврдејќи дека Помпео е повеќе заинтересиран за сопствените политички амбиции отколку за актуелната надворешна политика на САД, пренесоа британските медиуми.

Лидерите на двете земји Доналд Трамп и Ким Џонг-ун на средбата во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи, во јуни, договорија продолжување на преговорите за денуклеаризација на Полуостровот на ново на работни групи, но до тоа се уште не е дојдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот