Северина и Анастасија имаат делено ист маж: Манекенот ги „шекна“ жените во регионот! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го објави новиот хит со наслов „Промашена“, со кој ја воодушеви публиката во регионот.

Таа на музичката сцена се појави пред две години кога на јавноста го претстави првенчето „Совршен пар“.

Она што е интересно е тоа што манекенот Педро од тој спот воодушеви многу дами во регионот.

Овој бразилски манекен и „паднал“ во око на Анастасија на еден сајт од една модна агенција и воопшто не губела време да го ангажира. Но, Анастасија не е единствената пејачка од Балканот која сними спот со Педро.

Овој Бразилец се појави и во спотот на Северина Којиќ за песната „Туторијал“, која ја сними со победникот на „Ѕвездичките на Пинк“, Љуба Станковиќ.

Инаку Педеро моментално живее во Хрватска со сопругата и ќерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот