По Белград, денеска дојави за поставени 22 бомби на пет локации во Загреб

Foto: Davor Puklavec/PIXSELL

Полициски службеници од Загреб извршија увид во три од петте локации по дојавата за можни поставени експлозивни направи, пренесе ХРТ Оттаму потврдија дека добиената пријава е лажна за три локации, а во тек се увид на уште две локации.

Непознатиот сторител под име „Армија на Стрелков и Лимонов“ тврди дека поставил 22 бомби на пет локации.

Полицијата со помош на кучиња детално ги пребарува наведените локации и потенцира дека нема потреба од паника.

Во вторникот имаше неколку анонимни дојави за поставени бомби на повеќе локации во Белград п

Инаку во изминатите неколку месеци Србија често беше мета на лажни дојави за бомби, а во мај годинава беа идентификувани локации од вкупно 19 мејл-адреси од кои пристигнале заканувачки пораки за подметнати бомби на повеќе локации во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот