Семејствата од Виетнам принудени да го платат превозот на жртвите од британскиот „ладилник на смртта“

Фото: Профимедиа

Роднини и пријатели, денеска, со солзи и бели рози, ги дочекаа првите тела од 39-те Виетнамци кои минатиот месец беа пронајдени мртви во британскиот „камион на смртта”.

– Мојот син конечно стигна – рече Нгуен Дин Гиа, татко на жртвата Нгуен Дин Лоунџ.

– Во длабока жалост сме, но мораме да ги потиснеме чувствата за да го организираме погребот на мојот син – изјави Гиа, кој живее во соседната покраина Ха Тин, од која се уште десет жртви.

Полицијата во Виетнам уапси десетина лица поврзани со настраданите. Во понеделникот британскиот возач на камионот призна завера, помагање во незаконска имиграција и стекнување со криминален имот.

Семејствата ќе мора да го платат враќањето на телата на настраданите, што единечно ќе чини 2.830 долари, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи, што го пренесуваат британските медиуми.

Луѓето си заминуваат од Виетнам најчесто заради лошите шанси за вработување и еколошката катастрофа во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот