Семејствата на жртвите бараат од европскиот регулатор подлабока анализа за Боинг 737 МАКС

epa01979008 A Boing 737-800 of the airline Air Berlin stands on a meadow behind the runway of the airport in Dortmund, Germany, 03 January 2010. The airplane, bound for for Gran Canaria slid from the runway after the pilot interrupted the takeoff due to diverging speed indications in the cockpit. None of the 165 passengers and 6 crew members was hurt, the airport was shut down after the accident. EPA/FELIX HEYDER

Семејствата на жртвите од несреќите на „Боинг 737 МАКС” ја повикаа Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) да ја одложи дозволата за враќање во функција на авионите, предупредувајќи на отворени безбедносни прашања.

Американската Сојузна управа за воздухопловство (ФАА) минатиот месец одобри враќање во функција на авионите „Боинг” по промените и безбедносните проверки направени по две несреќи со вкупно 346 жртви.

ЕАСА соопшти дека може официјално да ја укине забраната во средината на јануари, откако ги проучи повратните информации од јавноста и секторот за условите за враќање на авионот во сообраќај.

Така, постојните авиони ќе мора да бидат опремени со нов софтвер, а електричните врски и инструментите во пилотската кабина ќе бидат сменети. Пилотите ќе треба да поминат дополнителна обука и секој авион ќе изврши пробен лет за да провери дали промените се правилно направени.

Истрагите своевремено покажаа дека причина за несреќите е грешка во софтверот за контрола на летот, кој се активирал во погрешно време и го насочувал авионот кон фатално понирање. Пилотите залудно се обидувале да ја заобиколат софтверската команда.

Боингот 737 MAX сега е безбеден, изјави шефот на агенцијата Патрик Кај за Би-Би-Си на почетокот на оваа недела.

ЕАСА детално го разгледа модифицираниот модел на авион и ги анализираше промените направени од производителот, нагласи тој.

Во писмото до Кај и во коментари во јавна расправа, семејствата и пријателите на жртвите од несреќата на Етиопија ерлајнс рекоа дека ЕАСА прво треба да заврши со анализа на изменетиот авион и безбедносниот извештај за несреќата.

– ЕАСА не може да заклучи дека изменетиот 737 MAX е безбеден пред да ја заврши сопствената проценка на безбедноста, се вели во писмото до шефот на Европската агенција.

Портпарол на ЕАСА рече дека агенцијата не ги коментира повратните информации во тековната фаза на процесот на одобрување. Конечната одлука за безбедност враќање во сообраќај се планира да се објави во јануари, откако ќе се анализираат сите повратни информации, додаде тој. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот