Селена Гомез искрено: Коментарите дека сум дебела ме уништија! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Селена Гомез гостуваше во една емисија во која за првпат зборуваше за тоа како „body shaming“ влијаел на неа и нејзиното здравје.

Пејачката варирала со килограмите, а на тоа влиајеле повеќе фактори.

– Првпат го искусив „ body shaming“ поради килограмите. Имам лупус и се борам со проблемите на бубрезите и високиот крвен притисок и останатите здраствени проблеми – рекла 27 годишната Гомез и додела дека лупусот не влијае на нејзините килограми, туку комбинација од други здраствени фактори.

– Се е тоа поради лековите кои морам да ги пијам до крајот на животот – зависи од месец до месец, ако сум веќе искрена. Забележав дека луѓето ме напаѓаат поради тоа. Тежината ми варира во зависност од тоа што се случува во мојот живот – открила таа.

Признала дека критиките и шегите на нејзина сметка за време на стресниот период, силно ја погодиле и накратко ја уништиле. Сепак, Селена сега е многу среќна и нема потреба секој момент од својот приватен живот да го стави под лупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот