Селекторот на Малта, Марколини: Македонците дури и индивидуално се подобри, имаат квалитет и сила

фото: mfa.com.mt

Македонската фудбалска А репрезентација е во Ла Валета каде во вторник од 20.45 часот ќе го игра натпреварот од квалификациите за ЕП 2024 против Малта.

Нашите најдобри фудбалери на хартија ја имаат фаворитската улога, но истата треба да се докаже на теренот и со три важни бода останат во игра за едно од местата кои водат на следното ЕП во Германија.

Првиот меч помеѓу овие две селекции во Скопје го доби нашата селекција со резултат 2:1. Како подготовка за овој натпревар, најдобрите фудбалери на Малта пред пет дена во контролен меч славеа со 1:0 против Гибралтар.

Селекторот на Малта, Микеле Марколини на прес-конференцијата ги сподели очекувањата во пресрет на утрешниот дуел.

Марколини истакна дека Македонија се соочи со својот дел од тешкотиите, особено по високиот пораз од Англија во Манчестер со 7:0, но и покрај тоа покажала издржливост и подобрување.

– Да се најде најслабиот тим во квалификациската група е многу тешко. Македонците дури и индивидуално се подобри, имаат квалитет и сила. Не треба да се потценува ниту еден тим, и треба да се препознае нивниот потенцијал – вели Марколини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот