Селекторите стравуваат пред Катар: Веќе 10 ѕвезди „отпаднаа“ за Мундијалот

Пауло Дибала нема да игра за Аргентина на СП 2022/фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Светското првенство во Катар ќе биде посиромашно за 10 фудбалери од кои очекувавме дека сигурно ќе играат за своите репрезентации. До почетокот на Мундијалот остануваат уште само 32 дена, а селекторите на репрезентациите веќе се загрижени и се надеваат дека во тој период никој од нивните играчи нема да се повреди.

Последен пример е Диого Жота, една од ѕвездите на португалската репрезентација, поради повредата на мечот против Манчестер сити.

Се чини дека ритамот е најсилен во Англија, па од пресметките за Мундијалот отпаднаа и двајца играчи на Челси. Франција ќе мора да ја брани титулата без Нголо Канте, кој ја обнови повредата и нема да игра уште четири месеци по операцијата, додека еден од најдобрите англиски фудбалери Рис Џејмс заработи повреда на коленото на натпреварот од Лигата на шампионите против Милан. Тој нема да биде на теренот најмалку седум недели, што е знак и за Герет Саутгејт, кој за среќа има други решенија на десното крило како Трипие, а Александар-Арнолд и Вокер се на пат да се опорават од повредите.

На Мундијалот нема да го видиме ниту Пауло Дибала во дресот на Аргентина, откако играчот на Рома го „скина“ мускулот на квадрицепсот при изведувањето пенал против Лече. Потоа, ќе недостасува неговиот соиграч Џорџино Вајналдум, кој ги скина вкрстените лигаменти и нема да игра за Холандија во Катар, а нема да играат ниту Роналд Араухо (Уругвај), Марко Ројс (Германија), Артуро (Бразил), Раул Хименез (Мексико) и Калвин Филипс (Англија).

Има и група играчи кои се неизвесни за учество на Мундијалот, а тоа се однесува на Анхел Ди Марија (Аргентина) и Пол Погба (Франција), а јасно е дека за нив би бил голем удар доколку слушнат „не“ од докторот за учество на СП 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот