Потврдени лошите вести: Португалија без еден од најдобрите на Мундијалот во Катар

Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Ливерпул во изминатиот викенд славеше голема победа во дербито против Манчестер Сити со 1:0, но сега пристигнуваат лоши вести за тимот на Јирген Клоп.

Најавите кои се појавија веднаш по натпреварот денес се и потврдени, Жота нема да настапи на Мундијалот во Катар кој започнува за нешто повеќе од еден месец. Информацијата ја потврди Јирген Клоп на денешната прес-конференција пред натпреварот против Вест Хем.

„Навистина ни е жал, лоша вест. Жота се здоби со повреда на мускулот и тоа прилично сериозна. Потребно е подолго време да се опорави и нема да игра на Мундијалот. Искрено жалам за ова момче кое со нетрпение го чекаше Светското првенство“, изјави Клоп.

Сигурно дека за Клоп ова е сериозен удар, а ќе потсетиме претходно се повреди и Луис Дијаз кој нема да се врати на терените до крајот на 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот