Сексуалната злоупотреба на деца преку слики генерирани од ВИ е закана која може да го обземе интернетот

Хакер ВИ Илустрација / Фото: Thawatchai Chawong / Panthermedia / Profimedia

„Најлошите кошмари“ кои доаѓаат со развојот на вештачката интелигенција дефинитивно се генерираните слики кои се користат за сексуална злоупотреба на деца, а тие се закануваат да го обземат интернетот, предупредиваат експертите.

Фондацијата „Интернет воч“ (ИВФ) соопшти дека пронашла речиси 3.000 слики направени со вештачка интелигенција кои се користеле за злоупотерба и што го прекршиле британскиот закон, пишува Гардијан.

Организацијата со седиште во Обединетото Кралство рече дека постоечките слики на жртви на злоставување во реалниот живот се вградени во модели со вештачка интелигенција, кои потоа создаваат нови прикази на нив.

Се додава дека технологијата се користи и за креирање слики од познати личности, кои потоа се злоупотребуваат. Други примери на материјал за сексуална злоупотреба на деца вклучуваа користење на алатки за вештачка интелигенција за „разголување“ на слики од облечени деца пронајдени на интернет.

ИВФ претходно предупреди дека доказите за злоупотреба на вештачката интелигенција почнуваат да се појавуваат, но рече дека нејзиниот последен извештај покажал забрзување во употребата на технологијата. Сузи Харгривс, извршен директор на ИВФ, рече дека „најлошите кошмари се остварија“.

„Претходно оваа година, предупредивме дека сликите со вештачка интелигенција наскоро би можеле да не се разликуваат од реалните слики на деца кои страдаат од сексуална злоупотреба, и дека можеме да почнеме да ги гледаме овие слики како се зголемуваат во многу поголем број. Сега ја поминавме таа точка. Застрашувачки, гледаме криминалци како намерно ја тренираат својата вештачка интелигенција на слики на вистински жртви кои веќе претрпеле злоупотреба. Децата кои биле силувани во минатото сега се инкорпорирани во нови сценарија затоа што некој, некаде, сака да го види тоа“, рече таа.

ИВФ соопшти дека виделе и докази за слики генерирани од вештачка интелигенција кои се продаваат преку интернет. Нејзините најнови наоди се засноваа на едномесечна истрага за форум за злоупотреба на деца на „дарк веб“, дел од интернетот до кој може да се пристапи само со специјализиран прелистувач. Истражувани биле 11.108 слики на форумот, при што 2.978 од нив го прекршиле законот во Британија со прикажување на сексуална злоупотреба на деца.

Материјалите за сексуална злоупотреба на деца генерирани од вештачката интелигенција се незаконски според Законот за заштита на децата од 1978 година, кој го криминализира преземањето, дистрибуирањето и поседувањето „непристојна фотографија или псевдо фотографија“ на дете. ИВФ рече дека огромното мнозинство од нелегалниот материјал што го пронашол е во спротивност со Законот за заштита на децата, при што повеќе од една од пет од тие слики се класифицирани како категорија А, најсериозен вид содржина, која може да прикаже силување и сексуални мачење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот