Секој втор Австриец на крајот од месецот нема ниту едно евро на сметка

фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Секој втор Австриец, според податоците од истражувањата, на крајот од месецот веќе нема пари на својата сметка. Детално гледано, најпогодени од овој проблем се жените, од кои 32 проценти имаат проблем со парите на крајот на месецот.

На почетокот на минатата година, вкупно уште 24 проценти од Австријците имале проблеми со недостатокот на пари. Како причина за недостатокот на пари, од нив 55 проценти велат дека премалку заработуваат.

„Финансиската состојба не се влошува само во Австрија, туку и во многу други европски земји. Ниските камати на штедење во еврозоната не треба да ја сокријат проблематичната состојба, затоа што јазот меѓу богатите и сиромашните е сè поголем. Уделот на оние кои не можат да штедат постојано расте. Во исто време, оние кои можат да заштедат сè помалку ставаат пари на страна“, вели главниот економист на „Директбанк ИНГ“, Карстен Брзески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот