Сејдини: Ретко кој може да се пофали со позитивен биланс против Италија како што имаме ние

Фото: ФФМ

На денот на гостувањето на нашиот национален тим во Рим, се огласи претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој го истакна фактот што Македонија како ретко која репрезентација има позитивен биланс со Италија.

Шансите за пласман на Европското првенство се иазгубени, но Сејдини порачува дека верува во процесот на создавање на успешна генерација која во иднина би донела радост на македонскиот фудбал.

Овие квалификации за пласман на континенталниот самит потврдија дека фудбалот, навистина е играта која буди најмногу емоции. Одигравме одлични натпревари против силни претставници во групата. Во период од 18 месеци ова е трет дуел против актуелниот европски првак.И ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како  што можеме ние.

Но ова не беше доволно за пласман на првите две позиции. Успехот не се постигнува преку ноќ, се создава нова генерација која има многу амбиции и самодоверба за големи резултати во иднина. За мене сега ова е врвен приоритет, да помогнеме заедно да ги постигнеме целите и да им дадеме крилја на младите момци од секој аспект за да можат да не израдуваат со нивните успеси сите заедно“, објави Сејдини.

Натпреварот со Италија го играме вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот