СЕХА | Недановски: Ќе биде далеку подобро во однос на првиот меч со Татран Прешов

фото: facebook/facebook.com/ihtstruga

В петок (10 јануари) со почеток од 18.00 часот РК Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ ќе го игра својот трет натпревар сезонава во СЕХА лигата, повторно ривал ќе му биде Татран Прешов.

Потсетување дека во првиот меѓусебен меч Слованците беа подобри од скопските „црвено-црни“ со 27:23.

Составот на тренерот Владо Недановски во второто коло го запиша првиот триумф во Скопје против Партизан (31:26).

Стратегот на македонскиот шампион вели дека неговите играчи се подготвени за возвратната пресметка со Татран Прешов.

– Одиме на победа, ќе го дадеме максимумот за да стигнеме до првото место во групата. Мислам дека ќе биде далеку подобро во однос на првиот натпревар во Словачка. Имаме проблеми со повредени играчи, меѓу нив е и Моралес. Повредите се дел од спортот, во првиот дел од сезоната немавме голем ростер, а сега со новите ракометари сме подобри од тренинг на тренинг – вели Недановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот