Седуммина тепачи се пресметувале во 10 наутро во Волково, најмладиот имал 26, а најстариот – 79 години

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Групна тепачка избила вчера претпладне во Волково, а во неа учествувале седуммина, соопшти полицијата.

„На 15.09.2022 во 10.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во селото Волково, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.М.(42), Ј.Ш.(46), С.П.(69) од една страна и Ф.Р.(60), Љ.П.(26), Р.Р.(38) и Ќ.Р.(79), од друга страна,“ соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот