Седум жртви во несреќа во Шпанија, откако автобус падна од мост висок 30 метри

Фото: Profimedia

Шпанските власти денеска соопштија дека пронашле уште едно тело откако автобус падна од висина од 30 метри од мост во река на Бадник, со што бројот на загинати се искачи на седум, јави агенцијата Анадолија.

Операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек, бидејќи еден преживеан патник рече дека средовечна жена со која патувал исчезнала, соопшти владиниот делегат на Галиција, Хозе Минонес.

Првичната потрага по осум наместо девет лица се заснова на изјавата на возачот, кој е уште еден преживеан.

Шпанските власти соопштија дека причината за падот на автобусот од мостот сè уште е нејасна, иако регионалниот претседател Алфонсо Руеда како можна причина го навести лошото време таа ноќ. Тестовите на возачот биле негативни на алкохол и дрога.

Автобуската компанија „Монбус” сообраќаше меѓу градовите Луго и Виго, потсетува Анадолија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот