Седум нови смртни случаи од сезонски грип во Грција

Грип/ Фото: Слободен печат архива

Од починатите 60 лица, на возраст од 4 до 91 година, 57, односно 95 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

Од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 16 февруари 2020 година, 60 лица починале од грип во Грција, а за една седмица биле регистрирани седум нови смртни случаи, според грчката Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Во седмичниот извештај за периодот 10–16 февруари 2020 година се забележува тренд на намалување, како на смртните случаи, така и на посетите во болница на лица со симптоми на сезонски грип, со оглед на тоа дека претходно, за две седмици бројот на починати достигна до 30 лица, по 15 секоја седмица.

Од починатите 60 лица, на возраст од 4 до 91 година, 57, односно 95 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

Според истите податоци од Националната организација за јавно здравје, за една седмица, 17 лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега почетокот на октомври 2019, се искачи на 195 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот