Седум автобуси возеле со неисправни сопирачки во Охрид, Струга и Кичево

Полиција / Фото: МВР

Вчера, на подрачјето на СВР Охрид, се извршени засилени сообраќајни контроли на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници.

Имено, контролирани се 51 автобус (Охрид – 12, Струга – 15, Кичево – 19, Дебар – 5) од кои 47 се упатени во станици за технички преглед (Охрид – 12, Струга – 11, Кичево-19, Дебар – 5).

– Притоа, кај седум автобуси се констатирани неисправни уреди за запирање (Охрид – 3, Струга –  3, Кичево – 1), кај пет автобуси се регистрирани недостатоци од друга соодветна опрема (Кичево – 2, Дебар – 3) поради што се исклучени од сообраќај, а возачите се соодветно санкционирани, информираат од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот