Се урна авион близу Париз, четири лица загинаа

Четири лица загинаа откако попладнево се урна мал авион источно од Париз, јавија локалните медиуми.

Авионот, еднокрилец „Робин ДР400″, бил пронајден околу 14:00 часот во поле близу комуната Сент Патуис.

Почната е судска истрага за утврдување на околностите околу инцидентот.

„Робин ДР400″ е дрвен спортски моноплан кој првпат полета во 1972 година, но продолжува да се произведува. Има шасија со три тркала и може да носи четири лица. Моделот се смета за релативно лесен за пилотирање. Исто така е многу тивот при лет благодарение на неговата дрвена рамка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот